ПОЧЕТОК
УСЛУГИ


 
ЗА НАС
   

 

 


АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје е правно лице кое се занимава со проверка на сообразност на единечно увезени возила во Република Македонија.
АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА е формирана во јуни 2008 година како правен наследник на Центарот за возила на АМСМ кој постои од 01.05.2002 г. Со формирањето на Центарот за возила веднаш беше воведен систем за квалитет ISO 9000, со што се потврдува високото ниво на услуги во центарот, а секако и на АМСМ како куќа во чиј состав работеше. Во 2005 г. се воведе МКС ISO/IEC 17020:2004, стандард кој ги дефинира барањата за телата кои извршуваат инспекциски активности, т.е. оцена на сообразност. Исполнетоста на бaрањата од стандардот беа потврдени во акредитациона постапка од страна на Институтот за Акредитација на РМ, при што Центарот за возила на АМСМ се стекна со еден од првите Сертификати* за акредитација во Република Македонија.
Во јуни 2008 г. се спроведе постапка за акредитација на АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА при што се докажа постојаноста во нивото на квалитет на услуги на службата што беше заокружено со издавање нов Сертификат** за акредитација за согласност со стандардот МКС ISO/IEC 17020: 2006.
АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје своите активности ги извршува на три испитни места на подрачјето на Република Македонија, во Скопје, Велес и Битола.

* Прилог – Сертификат 1
** Прилог – Сертификат 2

 

 

ПРОПИСИ
 


Правилник за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив.

(Службен весник на РМ, бр.134/2006)


Правилник за изменување на правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив.

(Службен весник на РМ, бр. 9/2007)


Правилник за изменување на правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив.
(Службен весник на РМ, бр. 156/2007)

Правилник за изменување на правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив.

(Службен весник на РМ,бр.120/2008)

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се користат на нив. (Службен весник на РМ,бр.42/2008)

Закон за возила (Службен весник на РМ, бр. 140/2008)
 
ЕСЕ РЕГУЛАТИВИ
 


 


ECE регулативите претставуваат технички документи кои ги содржат усогласените технички карактеристики на возилата и нивната опрема, начинот на кој тие се испитуваат, како и процедурите за одобрување на возилата што ги исполнуваат овие регулативи.

Пропишан е и начинот на контрола на сообразноста на производството за одобрените возила, како и казните при несообразност на производството, вклучително и повлекување на одобрувањето. ECE регулативите претставуваат прилози на Спогодбата за прифаќање на еднообразни технички прописи за возила на тркала, опрема и делови кои можат да бидат вградени и/или употребени во возилото на тркала и условите за взаемно признавање на хомологациите доделени врз основа на тие прописи, усвоенa од страна на Економската комисија за Европа при Обединетите нации или таканаречен ECE систем.

Потписничка на оваа Спогодба е и Република Македонија од 17.11.1991 г.Линк:
http://www.unece.org/trans/main/welcwp29.htm

 
КАТЕГОРИЗАЦИЈА


 
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
 

 На кои возила се врши оценка на сообразност (хомологација)?
На возила од следните категории:
  • L – мотоцикли
  • М – патнички и автобуси
  • N – товарни возила
  • О – приколки и полуприколки

 Дали се прави хомологација само на половни или и на нови возила?
За сите возила е задолжителна проверката на хомологациска сообразност, без оглед дали се половни или нови.

 Дали правите типска хомологација?
Не (во АМСМ се прави само хомологација на единечно увезено возило. Во моментов типска хомологација може да се направи само во Административното тело за хомологација – Биро за метрологија тел. – 02/2403-676).

 Дали правите хомологација на преправени возила во однос на основната изведба (сменет мотор, преправено од патничко во товарно или обратно, сменет број на седишта,....)?
Не, преправените возила задолжително мора да се атестираат за да се провери дали преправката влијае на општата безбедност на возилото – тоа се прави на Машински факултет – Скопје.

 Кои документи се потребни за хомологација?

  • Упат од царина до овластената организација за преглед на возило-АМСМ – оргинал
  • Потврда за техничките карактеристики  на друмско возило и за меѓународните хомологациски прописи кое истото ги исполнува (обезбедена од овластениот застапник на марката возило во РМ или ТUV Минхен) – оргинал
  • Влезна царинска декларација – фотокопија
  • Купопродажен договор или фактура – фотокопија
  • Сообраќајна дозвола од возилото – фотокопија (ако се работи за ново возило не треба).
  • Возило на лице место
  • Потврда за уплатени 200,00 денари на сметка на Бирото за метрологија – Министерство за економија.
  • Уплата во АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје.

 Дали за повратници од странство или државјани на РМ на привремена работа во странство постојат бенефиции во однос на увоз на возила (постари возила, изземање од некои регулативи)?
Не (не е предвидено во Правилникот)

 Дали за инвалиди постојат бенефиции во однос на увоз на возила (постари возила, изземање од некои регулативи)?
Не (не е предвидено во Правилникот)

 Дали мора лично сопственикот да го донесе возилото за преглед на хомологациска сообразност?
Да (или овластено лице од него)


 
КОНТАКТ

 

 


Друштво за услуги за оцена на сообразност

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје

ул. Лазар Трповски бб, Скопјетел. 02/ 2631-181
е-mail:
contact@homologacija.com.mk

Работно време:
понеделник – петок, 08.00 – 16.00 ч.

Данијела Доневска,
управител
ddonevska@amsm.com.mk

Љубомир Стојкоски,
раководител
lstojkovski@amsm.com.mk

Марко Димитровски,
одговорно лице на испитно место – Скопје
mdimitrovski@amsm.com.mk

 

 


Друштво за услуги за оцена на сообразност

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје
Подружница Велес

ул. Моша Пијаде бб, Велес
тел. 043/ 212-221


Љубомир Стојкоски,
одговорно лице на испитно место – Велес
lstojkovski@amsm.com.mk

Друштво за услуги за оцена на сообразност

АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје
Подружница Битола

ул. Новачки Пат бб, Битола
тел. 047/ 240-303


Николче Диневски,
одговорно лице на испитно место – Битола
ndinevski@amsm.com.mk

ЦЕНОВНИЦИ



 

 ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ВОЗИЛА

 

Р.бр.

 

Вид на возило

Категорија по ECE

Цена на услугата

Таксени марки

Вкупно

1

Мотоцикли, мопеди и моторни трицикли

L

855,00

50,00

905,00

2

Патнички и лесни товарни возила

М1, N1

1.425,00

50,00

1.475,00

3

Автобуси, камиони, тегначи

М2, М3, N2, N3

2.850,00

50,00

2.900,00

4

Приклучни возила со маса до 750 кг

О1

855,00

50,00

905,00

5

Приклучни возила со маса од 750  до 3500 кг

О2

1.425,00

50,00

1.475,00

6

Приклучни возила со маса над 3500 кг

О3, О4

2.140,00

50,00

2.190,00

 

ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛАТА

 

Р.бр.

 

Вид на возило

Категорија по ECE

Цена на услугата

Таксени марки

Вкупно

1

Мотоцикли, мопеди и моторни трицикли

L

1.710,00

50,00

1.760,00

2

Патнички и лесни товарни возила

М1, N1

2.850,00

50,00

2.900,00

3

Автобуси, камиони, тегначи

М2, М3, N2, N3

5.700,00

50,00

5.750,00

4

Приклучни возила со маса до 750 кг

О1

1.710,00

50,00

1.760,00

5

Приклучни возила со маса од 750  до 3500 кг

О2

2.850,00

50,00

2.900,00

6

Приклучни возила со маса над 3500 кг

О3, О4

4.280,00

50,00

4.285,00


ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ НА ВОЗИЛА

 

Р.бр.

 

Вид на возило

Категорија по ECE

Цена на услугата

Таксени марки

Вкупно

1

Мотоцикли, мопеди и моторни трицикли

L

2.550,00

50,00

2.600,00

2

Патнички и лесни товарни возила

М1, N1

4.750,00

50,00

4.800,00

3

Автобуси, камиони, тегначи

М2, М3,
N2 (над 5 т), N3

10.350,00

50,00

10.400,00

4

Товарни возила со вкупна маса до 5 тони

N2

5.450,00

50,00

5.500,00

5

Приклучни возила со маса до 750 кг

О1

2.550,00

50,00

2.600,00

6

Приклучни возила со маса од 750  до 3500 кг

О2

2.550,00

50,00

2.600,00

7

Приклучни возила со маса над 3500 кг

О3, О4

6.950,00

50,00

7.000,00

 

ОСТАНАТИ УСЛУГИ

 

Р.бр.

 

Вид на возило

Категорија по ECE

Цена на услугата

Таксени марки

Вкупно

1

Отчитување и проверка на број на шасија и мотор

сите

1.450,00

50,00

1.500,00

2

Дупликат Документ за сообразност, идентификација и идентификација и оцена на техничката состојба
Сите категории на возила

 

сите

 

550,00

 

50,00

 

600,00

 

ПРОВЕРКА И ИСПИТУВАЊЕ НА ПОДГОТВЕНОСТА НА ВОЗИЛАТА ЗА СООБРАЌАЈ И ИЗДАВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ      (ЦЕМТ)

 

Р. бр.

 

Вид на возило

Катего-рија по ECE

Преглед на возило и документација и издавање сертификат

Таксени марки

Вкупно

1

Товарни возила, тегначи

N2, N3

4.750,00

50,00

4.800,00

2

Приколки и полуприколки

О3, О4

2.750,00

50,00

2.800,00

3

Товарни возила + приколки

(N2,N3)
+
(O3, O4)

6.900,00

100,00

7.000,00

4

Дупликат Сертификат
Сите категории на возила

N2, N3, О3, О4

550,00

50,00

600,00



   Забелешка: Цените се со вклучен ДДВ.




ОВЛАСТУВАЊA
Решение за овластување за
оцена на сообразност


Овластување за ЦЕМТ


НОВО! ЦЕМТ
проверка на подготвеноста на
возилата за сообраќај (екмт-цемт)




СЕРТИФИКАТИ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Сертификат 1

Сертификат 2




КОНТАКТ
A: ул. Лазар Трповски бб, Скопје
Т: 02/ 2631-181
E: contact@homologacija.com.mk