Ве известуваме дека од 01.10.2012, согласно Правилникот за единечно одобрување на возила (Сл. весник на РМ бр.16/2010), стапуваат во сила нови технички барања за возилата. На веб страницата на АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА објавени се термините за полагање и обука на возачи и управители на транспортните фирми за првата половина од 2012 година Ве известуваме дека согласно последните измени на Правилникот за единечно одобрување на возилата од 30.12.2011 година, дозволен е увоз на патнички возила и мотоцикли произведени за американски пазар кои го исполнуваат американскиот стандард TIER 2. АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА доби ново овластување од страна на Министерството за транспорт и врски за:
Обуките се спроведуваат согласно Законот за превоз на опасни материи и се задолжителни за сите возачи и транспортни фирми кои учествуваат во превозот на опасните материи. |
![]() |
![]() |
|
Од Јануари 2011 година АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА се стекна со овластување за Техничка служба во рамките на која на своите корисници може да ги понуди следните услуги:
Единечното одобрување на возила е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило.
„Оцена на техничката состојба на возилото” е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано во согласност со член 19 од Законот за возила. (1) Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за возило за кое типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Република Македонија.
„Идентификација” е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
Член 24 – Закон за возила Сл.весник бр.140/2008 (1) Кај правното лице за технички преглед овластено за изведување на постапката за идентификација и/или идентификација и оцена на техниќката состојба на возилата се спроведува постапка за идентификација на возилата што првпат се регистрираат во Република Македонија за потребите на: 1)меѓународни и меѓудржавни организации – за службено користење; (2) Постапката на идентификација на возилата од ставот (1) на овој член се врши само врз основа на приложена документација, без преглед на возилото и без барање за сообразување со други прописи од областа на возилата. (3) Идентификација на возила од ставот (1) точка 3 на овој член не се однесува на државјаните на Република Македонија. (4) Идентификација на возилото од ставот (1) точки 4 и 5 на овој член може да се изврши во рок од една година од постојаното враќање, односно добивање на дозвола за постојано или привремено престојување, ако возилото претходно било во сопственост на барателот најмалку шест месеца пред влегувањето во Република Македонија. |
Во рамките на Техничката служба – АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА доби овластување од Министерството за економија за спроведување на испитување и одобрување на преправени/поправени возила, односно возила во кои дополнително е вграден уред за погон на возилото на течен нафтен гас. Испитувањата се спроведуваат во просториите на Техничката служба во Скопје и испитните места во состав на подружниците на подрачјето на Република Македонија. Веќе еднаш регистрираните возила за кои е потребно поединечно испитување поради преправка, односно поправка се упатуваат на испитување во овластената техничка служба со упатница издадена од органот надлежен за вршење на работите од областа на внатрешни работи. Упатницата се издава врз основа на констатираната, односно пријавената причина за испитување на возилото од страна на правното лице за технички преглед, службата за контрола и регулирање на сообраќајот, инспекциската служба во патниот сообраќај или сопственикот – носителот на правото за користење на возилото. За потребите на испитувањето сопственикот на возилото, на овластената техничка служба ги приложува на увид сите документи за потеклото на возилото и поодделните негови уреди, а воедно ги обезбедува и приложува сите одобренија и друга документација за дополнително вградените уреди и материјали во возилото. |
ЦЕМТ – Проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издавање на Сертификат Согласно овластување од страна на Министерството за транспорт и врски, АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА спроведува проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издава Сертификат. Проверките се вршат врз основа на Европската конвенција на Министрите за транспорт (ЕКМТ – ЦЕМТ), за возила ЕУРО3, ЕУРО4 и ЕУРО5. По извршените проверки на возилата, за тие кои ги исполнуваат барањата, се издаваат Сертификати кои понатаму претставуваат и еден од влезните елементи при аплицирање на превозниците во распределбата на годишните ЕКМТ (ЦЕМТ) дозволи. Прегледите на возилата се извршуваат на две локации во Скопје и во Велес. |
Транспортот на опасните материи претставува константна и континуирана опасност за сите кои доаѓаат во посреден или непосреден контакт со опасните материи. |
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај секој возач кој врши меѓународен превоз на стоки и патници, задолжително мора да поседува лиценца за превоз. Исто така и Управителот или од него овластено лице одговорно за превоз на транспортното претпријатие мора да поседува лиценца. Еден од условите за добивање на лиценците е спроведена обука според одобрена програма која може да се добие во АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА. Обуката ја извршуваат соодветно обучени предавачи од Центарот за возила. За извршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски. Распоред на испити: 1. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО НА ВОЗАЧИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПАТЕН СООБРАЌАЈ
2. ТЕРМИНИ ЗА ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ НА УПРАВИТЕЛОТ ИЛИ ОД НЕГО ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА ПРЕВОЗ
АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА како организатор на обуките од областа на Патниот сообраќај и транспорт, истите ги организира во своите простории во Скопје и во подрачните служби на територија на Р. Македонија. За обука во подрачните служби термини се определуваат согласно потребата и интересот од страна на нашите корисници на услуги. Контакт тел.: +389 (0)2/3181-153 |
Опасни материи се оние материи кои при производството, манипулацијата (пакување, натовар, транспорт, истовар) и користењето може да бидат опасни и штетни за животот и здравјето на луѓето, за материјалните добра и животната средина. Поделбата на опасни материи е извршена во согласност со меѓународните прописи кои ја уредуваат нивната употреба, превоз и складирање. Со наведените прописи се опфатени околу 50.000 опасни материи и истите се поделени во девет основни класи. Во таа насока е потребно организирано и стручно оспособување на возачите на товарни моторни возила со кои се превезуваат опасните материи, како и други лица кои учествуваат во организацијата на превозот и нивната манипулацијата - натоварување, претоварување и истовар. Основната цел на специјалната обука се состои во запознавање со карактеристиките на поединечните опасни материи и добивање на основни сознанија неопходни за намалување на можностите за несреќни случаи до минимум, како и превземање на потребните мерки за заштита во случај на инциденти и ограничување на последиците од нив. Обуката ја извршуваат соодветно обучени предавачи од Центарот за возила. За извршената обука се издава Потврда за спроведена обука, која претставува услов за полагање на испит пред Комисијата од Министерството за транспорт и врски. Распоред на испити: 1. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА СТРУЧНА ОСПОСОБЕНОСТ НА ВОЗАЧИ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ (АДР)
2. ОБУКА ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ (АДР)
АМСМ УСЛУГИ – ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА како организатор на обуките од областа на Патниот сообраќај и транспорт, истите ги организира во своите простории во Скопје и во подрачните служби на територија на Р. Македонија. За обука во подрачните служби термини се определуваат согласно потребата и интересот од страна на нашите корисници на услуги. Контакт тел.: +389 (0)2/3181-153 |
Во изработка... |
|
![]() |
|
|