Категорија L: Моторни возила со помалку од четири тркала
Категорија L1: Возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не е поголема од 50 cm3 и максимална конструктивна брзина која не надминува 50 km/h.
Категорија L2: Возила на три тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не надминува 50 cm3 и максимална конструктивна брзина која не надминува 50 km/h.
Категорија L3: Возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која надминува 50 cm3 или максимална конструктивна брзина поголема од 50 km/h.
Kатегорија L4: Возила на три тркала, асиметрично поставени во однос на средната подолжна оска, со работна зафатнина на цилиндрите на моторот преку 50 cm3 или максимална конструктивна брзина која надминува 50 km/h (мотоцикл со бочна приколка).
Категорија L5: Возила на три тркала, симетрично поставени во однос на средната подолжна оска, чија работна зафатнина на цилиндрите на моторот надминува 50 cm3 или максималната конструктивна брзина надминува 50 km/h.
Категорија L6: Моторни возила со четири тркала чијашто сопствена маса не надминува 350 kg, во којашто не е вклучена масата на батериите во случај на возила со електричен погон, чија најголема конструктивна брзина не надминува 45 km/h и чија најголема зафатнина на цилиндрите, за мотори со запалување со искра, не надминува 50 cm3 или чијашто најголема излезна моќност не надминува 4 kW во смисла на други мотори со внатрешно согорување или електрични мотори чијашто најголема ефективна моќност не надминува 4 kW.
Kaтегорија L7: Моторни возила со четири тркала, освен категоризирани со L6, чијашто сопствена маса не надминува 400 kg (550 kg за возила наменети за носење на стока), во којашто не е вклучена масата на батериите во случај на возила со електричен погон и чијашто најголема ефективна моќност не надминува 15 kW.