Категорија M: Моторни возила со најмалку четири тркала кои се наменети за превоз на патници.

Категорија M1: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу осум седишта.

Категорија M2: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса не надминува 5.000 kg.

Категорија M3: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса надминува 5.000 kg. Возилата од категориите М2 и М3 припаѓаат во:

Класа I: Возила конструирани со простор за стоење на патници, во кои е овозможено нивно непречено движење.

Класа II: Возила конструирани за превоз првенствено на патници кои седат и дизајнирани да обезбедат стоење на патници на патеката за поминување и/или на површина која не го надминува просторот предвиден за две дупли седишта.Класа III: Возила конструирани исклучително за превоз на патници кои седат.

Класа А: Возила конструирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа имаат седишта и може да имаат подготовка за превоз на патници кои стојат.

Класа В: Возила кои не се дизајнирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа немаат подготовка за превоз на патници кои стојат.

Забелешка за категориите М и N:

Во случај на влечно возило кое е наменето за влечење на полуприколка, за најголема маса на возилото се зема масата на влечното возило (во состојба кога е спремно за возење) зголемена за најголемата маса која му се пренесува од полуприколката и за најголемата маса на баластот – товарот на влечното возило (ако тоа е предвидено).

Опремата и инсталациите, монтирани на некои специјални возила, кои не се наменети за превоз на патници (автодигалки, подвижни работилници, продавници, се сметаат како товар во смисла на класификацијата на возилата).